Вие сте на: РАЗГЛЕД НА СКОПЈЕ - 28.07.2013

РАЗГЛЕД НА СКОПЈЕ - 28.07.2013

Регистрирај се за турата

 Оваа екскурзија дава можност да се открие историјата на Скопје преку прошетка низ објектите и поважните културно-историски споменици, кои се обележје на стариот и новиот дел на градот. Акцентот е ставен на Старата Скопска чаршија која претставува архитектонска мешавина од цркви, џамии, анови и амами, вклучувајќи ги Даут Пашиниот Амам (15век), Чифте Амам (15век), Куршумли Ан (16век), Капан Ан (15век), Сули Ан (15век) и Безистен (15век). Оваа архитектура е испреплетена со многу занаетчиски дуќани, стари згради, мали продавнички и се граничи со Бит Пазар, најголемиот пазар на отворено во Скопје. Овој т.н. историски дел на Скопје може да биде посетен од неколку страни. Едниот приод е преку Камениот Мост кој е симбол на градот Скопје, или пак турата може да започне со Скопското Кале, спуштајќи се преку Мустафа Пашината џамија (1492) и црквата Св. Спас (18/19век), надолу кон стариот дел на Скопје. Прошетката исто така вклучува и водење низ спомениците и објектите од проектот ‘Скопје 2014’, лоцирани во централното градско подрачје околу главниот плоштад, од каде улицата Македонија води кон Меморијалниот Дом на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје лоциран во близината.

Вториот дел на турата вклучува панорамски разглед на градот со автобус низ новите делови на градот, вклучувајќи го и византиското наследство на Скопје. Потоа турата се упатува на планината Водно, каде се наоѓа црквата Св. Пантелејмон (1164) и продолжува кон врвот на Водно каде е подигнат Милениумскиот Крст во 2000 година, на 1066м надморска висина. До него се стигнува со помош на жичарница која овозможува спектакуларна панорама на градот Скопје и можност за фотографирање. Патот продолжува посета на црквата Св. Андреа (1388/89), сместена на брегот од вештачкото езеро Матка, во кањонот испресечен од реката Треска. Турата завршува попладнето на зборното место во Скопје.


Поаѓање:
08:30 ч.
Времетраење
: 7 - 9 часа
Зборно место: Порта Македонија
Јазик: Англиски и Македонски
Цена:  $23 по човек за Пешачка тура низ Скопје; $23 по човек за Целодневна тура низ Скопје
Водич: М-р. Василка Димитровска, археолог и професионален туристички водич

Во цената е вклучена поединечната влезница за:

  • Црквата Св. Спас
  • Манастирот Св. Пантелејмон
  • Милениумскиот крст
  • Црквата Св. Андреа


Општи информации и услови за патување во врска со турите

  • Ги молиме гостите да бидат на договореното место 10 минути пред поаѓањето.
  • Во цената на секоја тура се вклучени превозот, лиценциран туристички водич и влезници за спомениците.
  • Тарифите и цените на влезниците можат да бидат променети без претходна најава.
  • Откажување од турата не е можно 24 часа пред поаѓањето. Не се враќаат средствата за делумно неискористените услуги.
  • ОМД како организатор го задржува правото да изврши измени во содржината, да ја одложи или откаже турата во случај на недоволен број на пријавени патници или во случај на неможност за реализација на турата од околности кои не можеле да се предвидат.
  • ОМД како организатор нема да сноси било каква одговорност и нема да прифати барање за оштета или надомест кога некој музеј или споменик вклучен во програмата не може да биде посетен поради причини кои се вон контрола.
  • Патниците треба да бидат во договореното време на местото за средба дадено од водичот. Турата ќе продолжи без да ги чека патниците кои ќе задоцнат.  

Локација


Хотел Александар Палас, Скопје
Само на три километри од центарот на градот.

Превезување >>

Понуда на туристички тури

Don’t forget to: